Имплементатор на проектот е Организација на жени на Пехчево. Општа цел на проектот е овозможување инфраструктурни услови за зачувување на природата и одржливо управување со природните ресурси.
Конкретни цели се:
- Реконструкција на 5 мостови, со поправки и замена на ракохвати по степенишните делови и мостови;
- Заштита на целокупната дрвeна инфраструктура со безбоен садолин, што не е штетно по природата;
- Изработка на кровна конструкција со бетонски темели на 3 одмаралишта (летниковци) опремени со маса и клупи;
- Изработка и поставување на 4 информативни табли во близина на местата каде се најзастапени примероци од флора и фауна;
- Подигање на јавната свест за богатството на билошката разновидност, потребата и начинот на зачувување и заштита на истата, преку безбедно експлоатирање.
Активности кои се реализирани во досегашниот период:
- Изготвен е проект за видиковци и поднесено барање за понуда до фирми кои се занимаваат со таква дејност;
- Одржана е работилница на тема „Видови на билки и шумски плодови во Пехчево”. На обуката присуствуваа 14 луѓе кои беа запознаени со видовите на билки и шумски плодови на подрачјето на Општина Пехчево, нивните карактеристики, начин на собирање и третирање. Свое излагање имаа Координаторот на проектот Нада Симовска која на присутните им го претстави проектот и асистентот на проектот Милица Дракалска која ги презентираше видовите на билки и шумски плодови.
Проектот е прекинат заради неправилности во раководење со проектот и непочитување на правилата за финансиско работење.