Проектот го реализира здружението ОХО, а се однесува на областа зачувување на биодиверизитетот, преку едукација и примена на практики од неформалното образование. Со овој проект се претствува нов концепт на учење за биодиверзитетот и природата на локално ниво преку серија едукативни практики и активности. Проектот се состои од креирање едукативна патека и училница на отворено. На оваа патека, ќе се постават едукативни табли кои ќе содржат информации за карактеристиките на одредени видови кои виреат таму, но и во регионот. Паралелно со ова, се реализира едукативна кампања за потребата од заштита на природата и биодиверзитетот како и подигнување на јавната свест во воспитно-образовните институции во општина Пехчево.
Општа цел на проектот е зачувување на природата во брегалничкиот регион.
Реализирани активности во рамки на проектот:
- Организирана и реализирана една едукативна кампања во ОУ. „Ванчо Китанов“ и детска градинка „7 септември“ – Пехчево на 24.11.2015 година.
Учесници во кампањата во градинката: 50 деца, 7 воспитувачи, директорот на градинката и дел од воспитно-наставниот кадар.
Учесници во кампањата во основното училиште: 60 ученици, 7 наставници од одделенска и предметна настава и директорот на училиштето.
- Креиран и испратен документ со насоки за реализација на кампањата во градинката и основното училиште во Пехчево.
- Креирана и маркирана едукативна патека – организирана и реализирана теренска посета во која патеката беше лоцирана и мапирана.
- Подготвени се едукативни табли кои се поставени по должина на патеката, наменети за едукација на посетителите.
- Подготвени и испечатени се брошура и флаер со информации за патаката и биолошката разновидност во Пехчево, како и промотивни материјали
- Организиран е промотивен настан со учество на учениците од ОУ Ванчо Китанов од Пехчево, на кој е презентиран начинот на користење на патеката во едукативни цели. Настанот беше промовиран на регионалните и националните медиуми.