Проектот се спроведе на локалитетот Пониква, на територијата на општина Кочани од страна на Македонското еколошко друштво (МЕД), со цел да се промовираат вредностите на старите букови шуми, едукација и подигнување на јавната свест за нивното значење преку подобро разбирање на концептот на одржливо искористување на буковите шуми.
Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
- Се воспостави патека во букова шума на локалитетот Пониква, маркирани се едукативни точки долж патеката за кои се подготвени информации и се поставени информативни табли на почетокот од патеката;
- Се подготви и испечати Водич за Патеката на клукајдрвчето, кој покрај инструкциите за начинот на спроведување едукација долж патеката, содржи и различни игри и задачи за деца, преку кои тие полесно ќе ги спознаат вредностите на буковите шуми;
- Реализирани се работилници за едукативните работници и други клучни страни од регионот за зајакнување на нивните капацитети и препознавање и зачувување на биолошката разновидност;
- Органиизран е едукативен настан во соработка со општина Кочани и основните училишта од Кочани, на кој учениците имаа можност да се запознаат со Патеката на клукајдрвчето и да ја поминат заедно со едукаторите, како и јавен настан на крај од проектот со цел промовирање на патеката;
- Проектот беше промовиран преку регионалните и национални медиуми.