Овој проект го спроведува Националното здружение на сопственици на приватни шуми и е со времетраење од 25.12.2014 год до 25.10.2015 год. Цел на проектот е да влијае директно на подигање на свеста на приватните сопственици на шуми. Најпрвин преку практични согледувања на теренот за последиците од шумските пожари и процесите на ерозија, а потоа преку едукативни активности ќе се влијае на подигање на свеста кај локалното население, младите – идните сопственици на приватните шуми, за вредноста, значењето и зачувувањето на шумите и шумските екоситеми. Преку тоа ќе се допринесе за зголемување на квалитетот на шумите и зголемување на економската добивка на руралното население, искористувајќи ги и другите придобивки и ресурси од шумите а не само дрвото.
Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
- Поставени се опитни површини на местата предвидени за тоа, на истите се вршеше мониторинг и се направи компаративна анализа на добиените резултати.
- Организирани се 2 дводневни обуки за сопствениците на приватни шуми за значењето на одржливото управување со шумите;
- Организирана е една работилница на експерименталните парцели наменета за сопствениците на приватни шуми;
- Организирани се 4 интерактивни еднодневни работилници со учениците за подигање на свеста за значењето на шумите:
- Испечатен е леток со едукативна содржина кој е дистрибуиран до целните групи;
- Резултатите од проектот беа промовирани на Форум, со учество на членовите на Здружението, како и релеванти претставници од засегнатите страни: ЈП Македонски шуми, ПЕ на Министерствата и општините.