Општокорисни функции на шумата и опасноста од шумските пожари и процесите на ерозија во Малешевијата

Овој проект го спроведува Националното здружение на сопственици на приватни шуми и е со времетраење од 25.12.2014 год до 25.10.2015 год. Цел на проектот е да влијае директно на подигање на свеста на приватните сопственици на шуми. Најпрвин преку практични согледувања на теренот за последиците од шумските пожари и процесите на ерозија, а потоа преку едукативни активности ќе се влијае на подигање на свеста кај локалното население, младите – идните сопственици на приватните шуми, за вредноста, значењето и зачувувањето на шумите и шумските екоситеми. Преку тоа ќе се допринесе за зголемување на квалитетот на шумите и зголемување на економската добивка на руралното население, искористувајќи ги и другите придобивки и ресурси од шумите а не само дрвото.

Активности кои се реализирани во рамки на проектот:

  • Поставени се опитни површини на местата предвидени за тоа, на истите се вршеше мониторинг и се направи компаративна анализа на добиените резултати.

1431687920035

  • Организирани се 2 дводневни обуки за сопствениците на приватни шуми за значењето на одржливото управување со шумите;

20150515_155033_800x450

  • Организирана е една работилница на експерименталните парцели наменета за сопствениците на приватни шуми;
  • Организирани се 4 интерактивни еднодневни работилници со учениците за подигање на свеста за значењето на шумите:
  • Испечатен е леток со едукативна содржина кој е дистрибуиран до целните групи;
  • Резултатите од проектот беа промовирани на Форум, со учество на членовите на Здружението, како и релеванти претставници од засегнатите страни: ЈП Македонски шуми, ПЕ на Министерствата и општините.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...