Општина Лозово го реализра проектот со цел намалување на потрошувачката на енергија преку примена на практики за енергетска ефикасност, како и подобрување на условите за работа на општинската администрација со замена на азбестниот кров. Со проектните активности се постави термо фасада на објектот, се промени постоечката дрвена столарија со ПВЦ (врати и прозори) и комплетно се промени постоечката азбестна кровна конструкција на општинската зграда.
Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Помала потрошувачка на електрична енергија, топлинска заштита и намалување на енергетските загуби;
- Заштеда на трошоците за греење и ладење на просторот;
- обезбедување на заштита на објектот од атмосферски влијанија, и безбедни услови за работа.
Проектот беше реализиран во периодот ноември 2015 – август 2016 година.