Проектот го имплементира Движење за одржлив развој ДОР Кочани. Цел на проектот е промовирање на обновлива енергија преку енергетско – ефикасни мерки за подобра животна средина во општина Чешиново – Облешево. За сите активности кои се реализираат според предвидената временска рамка (месец јануари до месец јуни 2015год.) во координација помеѓу ЈОУДГ „Ѕвездички“, Чешиново и ЗГ „Движење за одржлив развој“ – Кочани, се информираат локалните медиуми и web-портали.
Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
Пуштен е во функција системот за затоплување на вода во почетокот на месец мај и направена е обука од фирмата изведувач за вработените во градинката за начинот на користење на системот. Исто така изработен е Елаборат за енергетска ефикасност на објектот.
На 14.05.2015 год. реализирана е првата работилница на тема: Бенефициите од соларната енергија и другите видови на алтернативни извори на енергија. Во просториите на ЈОУДГ „Ѕвездички“ Чешиново со најмладите од Општина Чешиново-Облешево и нивните родители, преку запознавање со бенефициите од соларната енергија и другите алтернативни извори на енергија. На 04.06.2015год. реализирана е и последната работилница, во просториите на ОУ „Страшо Пинџур“ Чешиново, и децата од училишна возраст од Општината Чешиново-Облешево, преку презентација и практично изработка на макети кои работат на соларна енергија поблиску се запознаени со можностите и моќта што ја има соларната енергија и другите алтернативни извори на енергија.