Имплементација на термоизолациона фасада на детската градинка ОЈУДГ – Гоце Делчев во општина Виницa

 

Проектот „Имплементација на термоизолациона фасада на детската градинка ОЈУДГ – Гоце Делчев во општина Виницa“  го спроведува Здружението на жени земјоделки „АГРО-ВИНКА“ од Виницa, во партнерство со Детската градинка „Гоце Делчев“, и се однесува  на темата користење на обновливи извори на енергија, практитки кои се во согласност со животната средина (“environmental friendly practices”) и техники за заштеда на енергија. Временската рамка за реализација на овој проект е 7 месеци.

GE DIGITAL CAMERA

Резултати од имплементацијата на термофасадата се:

  • намалени трошоци за набавка на дрвени пелети за греење за 20% и намалена продукција на нус продукти (пепел) од согорени пелети и намалена загаденост од нив на околината;
  • заштеда на електрична енергија за 30% од намаленото користење на клима-уредите;
  • подигната јавна свест за зачувување на природата.

Активности кои се реализирано во рамки на проектот:

 

Изработена е анализа на објектот за термичка изолација и одржани се две трибини односно предавања за техничкиот персонал на тема „Енергетски ефикасни објекти“ во двете градинки во градот Виница.

Реализирани се 10 работилници наменети за децата од големите групи кои имаа за цел да ги едуцираат најмладите за обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Реализирана е реконстукција на фасадата на градинката  со поставување на термо фасада, со што се создадени подобри услови за работа за децата и вработените во градинката.gradinka-vinica2_1000x750

На 30 септември 2015 година во Виница официјално беа промовирани резултатите од проектот, во присуство на претставници од ПЗП, градиначалникот на општина Виница и проектните партнери.

 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...