Проектот го спроведува Балканската фондација за одржлив развој, на територијата на општините Берово и Пехчево.
Општа цел проектот е зачувување на природата и биолошката разновидност на Малешевските Планини.
Конкретните цели на проектот се поврзани со заштитата на дрвјата споменици на природата и на старите-вековни дрвја и кои имаат големо значење за биодиверзитетот на Малешевските Планини преку реализација на следните активности:идентификација, инвентаризација, промоција и зачувување.
Во рамки на проектот се реализирани се следните активности:
- Идентификувани се и евидентирани 35 стари дрвја, кои имаат предиспозиции за номинација.
- На сите евидентирани дрвја извршени се потребните мерења, кои се запишани во формуларите за идентификација.
- Извршено е дигитално позиционирање на дрвјата на теренот преку утврдување на нивните координати и дигитално мапирање во софтверски пакет OruxMap.
- Селектирани се 30 дрвја, кои соодветно се означени со информативни табли и се внесени на мапа
- Изработена е брошура во која се дадени фотографии и основните параметри за 30 најстари и најзначајни дрвја на Малешевските Планини од аспект на биодиверзитетот која што може да ја погледнете на следниов линк: Брошура: Стари-вековни дрвја на Малешевските планини
- Изработена е ортофото мапа на која се обележани локациите на 30 најстари и најзначајни дрвја на Малешевските Планини.
- Од досегашната работа и постигнати резултати евидентно е дека на Малешевските Планини има поголем број на стари-вековни дрвја кои се значајни за биодиверзитетот и кои имаат карактеристики на споменици на природата. Затоа потребни се подетални теренски истражувања за нивно идентификување и евидентирање, кои понатаму ќе помогнат за нивно промовирање и зачувување.