Енергетско ефикасно училиште

11652226_10206092668931273_1000553972_n

Проектот „Енергетско ефикасно учичиште“ го спроведува Регионален центар за засташување – Делчево. Цели на проектот се: преземање на енергетско ефикасни мерки за намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови; добивање на топла вода за одржување на хигиената во училиштетот и топла вода за лична хигиена на учениците, пред се оние кои ја користат спортската сала за спорт и рекреација; промоција на енергетската ефикасност и проектните активности преку подготовка на промотивни материјали. Со реализација на проектот ќе се постигнат следните резултати: подигната свест на поле на енергетска ефикасност кај најмалку 700 ученици и 100 вработени во ООУ „Ванчо Прке“ Делчево; зајакната свест кај најмалку 2000 граѓани преку делење на промотивен материјал и медиумска промоција; инстлирани  шест колекторски ситеми со капацитет од 160 литри вода; зголемен број на корисници на спортската сала во учулиштето за 30% заради подобрите хигиенски услови; поделени промотивни материјали и информирани голем број на граѓани; одржани две прес конференции и промовирани активности и резултати.

Активности кои се реализирани во рамки на проектот:

  • Одржана е прес конференција за претставување на целите, активностите и резултатите од проектот. Прес конференцијата се одржа на 23.01.2015г. во просториите на ООУ Ванчо Прќе, Делчево. На прес конференцијата имаше ученици и наставници од горенаведеното училиште, како и претставници од локалните медиуми. Од прес конференцијата има листа на присутни, презентација како и видео од самата прес конференција.
  • Се спроведе тендерска постапка за Набавка и вградување на сончеви колектори. На отворениот повик се пријавија 3 понудувачи од кои, само ЈТД ВИПЛАСТ Делчево имаше комплетна документација и ги усполнуваше условите дадени во инструкциите за тендерот. Инсталирани се 7 колекторски системи, кои се поврзани со нови инсталации во тоалетите на училиштето, како и санитариите и тушевите во спортската сала.
  • Реализирана е еднодневна работилница за енергетска ефинасност, наменета за вработените во училиштето и родителите,
  • Подготвен и дистрибуиран е промотивен материјал за енергетска ефикасност и проектните резултати.11099626_10205584039296069_160434301_n-2-1

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...