Еколошко прифатливи техники за намалување на екстремните процеси на ерозија во опожарени шуми

Проектот го спроведува Национално здружение на сопственици на приватни шуми, во општините Берово и Пехчево.

Главна цел на проектот е  да допринесе кон зачувување на природата преку побрза природна ревитализација на опожарените шумски подрачја и подигањето на свеста за последиците од разорувањето на биодиверзитетот.
20151217_131352 NZSPS

Активности реализирани во рамки на проектот:

  • Одредена е површина на терен (јаруга) со присуство на експерти за која е изготвен проект за уредување на јаруга
  • Врз основа на експертскиот проект, уреден е репрезентативен дел од јаругите и местата со урвински процеси на ерозија со еколошко прифатливи техники (праг од плетери, фашини и обложување на јаругата со гранки) каде се ангажирани и стручни лица од ШФС кои го пренесуваат нивното искуство од работа на слични проекти.
  • Мониторинг на уредените површини за следење на напредокот на ревитализација на екосистемот
  • Организирана работилница од отворен карактер, во шума, со сопственици на приватни шуми
  • Подготвена е брошура за промоција на еколошкоприфатливи техники за уредување на екстремни процеси на ерозија
  • Организирана е интерактивна работилница со младите (тоа се идните сопственици на шумите) од основно училиште за значењето на шумите и шумските екосистеми
  • Организиран е форум на 13.06.2016 во Пехчево за промоција на податоците од мониторингот на парцелите и останатите проектни резултати каде беа присутни 40-сетина учесници од повеќе институции како: Професори од Шумарскиот Факултет во Скопје, ЈПМШ преку преставници од своите подружници, Шумската полиција, Инспекторатот по шумарсво и ловство, НВО секторот и секако СПШ од регионот, а настанот беше и медиумски покриен.

20151217_130746_NZSPS_1000x750

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...