Еколошко прифатливи техники за намалување на екстремните процеси на ерозија во опожарени шуми

Проектот го спроведе Национално здружение на сопственици на приватни шуми, во општините Берово и Пехчево. Главна цел на проектот е  да допринесе кон зачувување на природата преку побрза природна ревитализација на опожарените шумски подрачја и подигање на свеста за последиците од уништувањето на биодиверзитетот.

Активности кои се реализирани во рамки на проектот:

  • Во соработка со стручни лица од Шумарски факултет Скопје, се одреди површина на терен (јаруга) за која се изготви проект за уредување, по што се уреди репрезентативен дел од јаругите и местата со урвински процеси на ерозија со еколошко прифатливи техники (праг од плетери, фашини и обложување на јаругата со гранки);
  • На уредените површини се вршеше редовен мониторинг за следење на напредокот на ревитализација на екосистемот;
  • Беше организирана работилница од отворен карактер во шума, со сопственици на приватни шуми;
  • Се подготви брошура за промоција на еколошко прифатливи техники за уредување на екстремни процеси на ерозија;
  • Се организира интерактивна работилница со младите (идните сопственици на шумите) од основно училиште за значењето на шумите и шумските екосистеми;
  • За промоција на податоците од мониторингот на парцелите и останатите проектни резултати беше организиран форум во Пехчево, кој беше и медиумски покриен.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...