Имплементатор на проектот е Здружение за рурален развој ЈАВОР – Зрновци. Општа цел на проектот е создавање на услови за одржливо управување, зачувување и валоризација на природните услови во општина Зрновци.
Резултати во рамки на проектот:
- Изработена и промовирана публикација за моменталната состојба со водите на река Зрновка, мерки за заштита и подобрување,
- Оспособен ресурсно – тренинг центар за биодиверзитет во општина Зрновци,
- Формиран клуб на млади истражувачи во рамки на ОУ Синиша Стоилов,
- Уредена и означена промотивна патека во должина од 2 км, наречена Патека на вировите
- Подготвена, испечатена и дистрибуирана брошура за природните вредности на општина Зрновци,
- Изработени над 100 фотографии и цртежи од натпреварот во ОУ Синиша Стоилов на тема биодиверзитет,
- Анкетирани 150 граѓани на оп. Зрновци на тема биодиверзитет и мерки за негово зачувување,
- Изработени 15 постери со мотиви биодиверзитет во општина Зрновци.
Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
- Во рамки на проектот уреден е тренинг ресурсен центар за биодиверзитет во општина Зрновци. ЗРРЈавор во успешна соработка со општина Зрновци извршија реновирање и адаптирање на просторија која ќе биде користена од клубот на млади истржувачи, учениците и професорите од ОУ„Синиша Стоилов“, заинтересирани посетители, туристи и сл.
- Реализирани се неколку теренски истражувања на река Зрновка, земени се низа на проби, примероци од флора и фауна во реката, и како финален резултат е „Извештај за извршена анализа на алгите и макроинвертебратната фауна на река Зрновка“.
- Воспоставена е „Патеката на вировите“ , која е во должина од 2 км по течението на река Зрновка, на која се поставeни информативни табли за биоразновидноста на р.Зрновка. Во поставувањето на таблите учествуваа членовите на ЗРР Јавор и Клубот на млади истражувачи.
- Спроведена е анкета на 150 граѓани од општина Зрновци, за да се види мислењето на грaѓаните во однос на зачувувањето на природата и да дадат конкретни предлози во овој правец
- Спроведени се ликовен и фото конкурс за учениците од ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци на тема „Биолошка разновидност на општина Зрновци“. На конкурсот се пријавија преку 80 дела за фото конкурсот и 30 цртежи од различни техники за ликовниот конкурс, а најдобрите дела беа соодветно наградени.