Преку проектот што го спроведува ОХО, ќе бидат интродуцирани разни практики од неформалното образование во поглед на учење за природата и биолошката разновидност во брегалничкиот регион. Паралелно на ова се води кампања за подигнување на јавната свест, и преку разни примери се вклучуваат образовните институции од регионот (активно учество во креирање на самите кампањи, едукативната патека и слично). Општа цел на проектот е зачувување на природата во брегалничкиот регион.
Конкретни цели:
- Зголемување на интересот кај најмладите во поглед на земање активно учество во истражување и учење за природата и биолошката разновидност преку креирање на едукативна патека;
- Промовирање на едукативни практики за едукација за природата – учење во природа;
- Подигнување на јавната свест кај најмладите и општо целокупната јавност преку активности на отворено и внесување на практики од неформалното образование.
Активности кои се имплементирани во рамки на проектот:
- воспоставена и маркирана е едукативна патека на планината Голак во должина од 1 километар
- креирани и поставени се информативни и едукативни табли,
- ре-принт на дидактички материјали,
- подготвена и испечатена е мапа за патеката која е дистрибуирана до училиштата од Брегалничкиот регион
- реализирани се едукативни и истражувачки активности во природа со едукативните институции од целниот регион.