Добра земјоделска пракса – богат биодиверзитет

Здружението на жени земјоделки „АГРО-ВИНКА“ од Виницa го спроведе проектто во атарот на четири општини Виница, Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, односно во руралните средини во кои населението воглавно се занимава со одгледување на житни култури.

Проектот е насочен кон реализација на следните цели:

  • Зачувување на биодиверзитетот и структурата на почвата во руралните средини односно на полињата каде се одгледуваат житните култури.
  • Да се подигне свеста кај населението кое се занимава со одгледување на житни култури и за штетите кои настануваат од палење на жетвените остатоци.
  • Да се зачувува биодиверзитетот, да се заштити почвата и (микроорганизмите што вршат разградување и минерализација на органската материја од жетвените остатоци кои го населуваат површинскиот слој почва кој во случај на палење тотално се уништува до длабочина од 5 цм. како и поситна фауна која е присутна во овој дел од почвата,
  • заштита на птиците што живеат во полето во нашиот регион),
  • Да се намали количината на употребени минерални ѓубрива кои дополнително ја загадуваат почвата и природните и подземни водотеци и го нарушуваат биодиверзитетот.

34619

Активности што се реализираа во рамки на проектот:

–  Се одржаа 20 трибини со препораки за алтернативни методи за справување со жетвените остатоци преку заорување на жетвените остатоци непосредно по жетвата, мулчирање, правење на брикети, користење на сламата како сточна храна за преживари преку третирање со уреа.

–  Идентификувавани се  четири фокус фарми, на кои беше реализирана едукација на фармерите, кои се придржуваа кон препораките што им беа дадени од консултантот и се однесуваа на справувањето со жетвените остатоци. На фармите ќе се правеше и мониторинг за следење на резултатите од спроведените активности.

– Испечатени се и дистрибуирани едукативни материјали за опасностите од палење на жетвените остатоци и алтернативните методи кои може да се применат.

– Поставени се табли за предупредување за опасноста од палаење на жетвените остатоци во сите четири општини.

– Посетена беше фокус фарма во с.Пуздерци, каде беше спроведена и обука на присутните учесници за правење   брикети од слама.

– Проектните активности беа промовирани на локални и регионални медиуми.

 

WP_20160221_13_30_08_Pro_1000x564_Agro_Vinka

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...