Проектот го спроведе Општина Берово, со цел промоција и примена на нови пристапи и технологии, односно иновативна мерка за примена на затоплување со пелети од биомаса. Бизнис Инкубаторот во Берово е јавен објект чии што услуги ги користат поголема група на граѓани од различни категории. Со имплементација на проектот се создадоа услови за непречено користење на објектот во текот на целата година. Како дел од проектните активности беше инсталиран систем за централно греење (вклучително вентилконвектори и радијатори), со централна единица за затоплување-котел на пелети.
Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати:
- Намалување на потрошувачката на енергија и со тоа подобрена енергетската ефикасност во општината;
- Се примени нова технологија за користење на пелети како еколошки извор на енергија;
- Подобрени услови за работа во Бизнис инкубаторот;
- Подигање на свеста за енергетски заштеди.
Проектот се реализира во периодот јули 2015 – април 2016 година.