Проектот го спроведува ЗУТРЗ “Напредок” – Пехчево. Општа цел на проектот е заштита и зголемување на бројот на автохтона домашна популација на овци Праменка – Овчеполка.
Активности кои се реализирани во рамки на проектот:
- Реализирани се посети на неколку фарми низ Македонија кои се регистрирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како одгледувачи на популацијата Праменка – Овчеполка со цел да се видат, одберат и селектираат најдобрите 100 јагниња од популацијата на овци Праменка – Овчеполка за формирање на матично стадо.
- Изборот и селекцијата на матичното стадо е направено со стручен надзор од Проф.д-р Владимир Џабирски и Проф.д-р. Кочо Порчу од Факулетот за земјоделски науки и храна, како давател на јавни услуги и разавојно истражувачки работи, воспоставување и одржување на матично книговодство во овчарството. За матичното стадо се вршат редовни ветеринарни конторли, како и соодветна матична евиденција.
- Направена е адаптација на објектот за сместување на матичното стадо, вклучително јасли за исхрана на јагнињата со кабаста храна и корита за зрнеста храна и заштитна ограда.
- На 10.06.2015 година во Пехчево е одржана трибина на која беа презентирани сите карактеристики на Овчеполката, идите планови за заштита и зголемување на автохтоната популација на овци како и идните развојни планови.
- Подготвен и дистрибуиран е леток за проектните активности и основни арактеристики на Овчеполката