Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево

Имплементатор на проектот е Милиеуконтакт – Македонија. Проектот е насочен кон одржливо управување со природните ресурси и зачувување на биоразновидноста и георазновидноста во општина Пехчево. Главна цел на овој проект е обезбедување на услови за одржливо управување со природните ресурси во општина Пехчево.

Специфични цели се:

1. Во рок од една година да се идентификуваат и маркираат биолошките разновидности на три избрани локации во општина Пехчево;
2. До крајот на 2015 година да се обезбеди олеснет пристап до локациите Јудови ливади, „Големо оро“ и „Вртена скала“;
3. Да се обезбедат позитивни примери и промоција на алтернативни начини на транспорт во општина Пехчево;
4. До крајот на 2015 година да има обучени најмалку 5 локални водичи за промоција на туристички атракции и природни богатства;
5. Да се подготви и спроведе кампања за промоција, подигнување на јавната свест за одржување и заштита на природните ресурси со кои располага општина Пехчево.

Во рамки на проектот се реализирани следните активности:

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

– Комплетирани информации за трите локации (Јудови ливади со инсектојадно растение, Делибови кашчи и Вртена скала). Беа проверени сите расположливи информации во печатени изданија, мапи и беа утврдени неточни информации и грешки кои се проверени и преправени;

– Обележана патеката и евидентирани локациите долж истата, со чистење на патеката, санирани делови од патот, приспособена патеката за пешаци и за велосипедисти;

– Изработена мапа со топоними за патеката;

– Поставени патокази (6) долж патеката како и информативни табли (4) за патеката и локациите;

20151101_134308_1000x563

– Одржана работилница со ученици и граѓани на општина Пехчево за сервисирање и трајно одржување на велосипеди;

– Подготвени и отпечатени 800 летоци со информации за локациите и мапа на патеката;

– Изгласани од страна на Советот на општина Пехчево 7 обучени Локални водичи во природа за општина Пехчево;

– Формирано три члено тело за мониторинг на спроведувањето на проектот кое го следи спроведувањето на активностите кои се дел од проектот и подготвува извештаи;

– Изработена web страна и Facebook страна за промоција на проектот и патеката;

– Поставени по две канти за отпад на сите три локалитети;

– Во делот на младинско образование одржани вкупно 4 работилници за вклучување на младите во имплементација на проектот;

– Спроведен конкурс за избор на најубава литературна творба, фотографија и цртеж наменет за учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево;

– Организиран пикник на Јудови ливади со претставници на медиумите и тур-оператори од регионот за промоција на велосипедската патека и Локалните водичи во природа;

– Снимен видео материјал за подготовка на видео запис за промоција на велосипедската патека;

– Одржани 2 настани за промоција на проектот и за промоција на резултатите од проектот.

Обновено на 20.03.2015г.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...