Брегалничкиот Регион се состои од 14 општини со повеќе од 100 села и населени места. Вкупната популација е 203.213 жители. Најголеми урбани центри се градовите Штип (47.796 жители) и Кочани (38.092 жители). Генерално популацијата во руралните средини бележи негативен раст со оглед на тоа што младите луѓе ги напуштаат руралните средини и одат во потрага по поудобен живот.
Во рамки на подрачјето на сливот на реката Брегалница се наоѓаат следниве општини: Берово, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Виница, Пробиштип, Чешиново – Облешево, Штип, Свети Николе, Кратово и Лозово. Поделбата според подрачјето на сливот на реката Брегалница не одговара со административните граници на сите 14 општини.
Официјално, 22,9% од популацијата е вработена, а остатокот од населението е со самовработување или без работа. 34% од популацијата е во групата на самовработени/ регистрирани земјоделци. Поголемиот број на слободна работна сила е лоцирана во поголемите урбани центри. Трите клучни сектори за вработување се земјоделство (11,71%), трговија и продажба (38%) и производство (15,49%). Секторот шумарство и дрвна индустрија играат важна економска и социјална улога во Брегалничкиот Регион каде скоро 100% на сите домаќинства кои се зависни од огревно дрво како главен енергенс за греење и готвење.
Повеќе од 70% од населението во Брегалничкиот Регион живее во руралните средини со просечно 32% од сите домаќинстава целосно се зависни од земјоделството како приход за живот, додека 65% делумно зависни. Во руралниот фамилијарен живот доминира опстанокот од земјоделство. Пониските делови на Брегалничкиот Регион се познати по производството на ориз на наводнуваните оризови полиња.
Од суровините и другите ресурси со кои располага овој регион, најважно економско значење имаат олово-цинканите руди од рудниците Злетово, Добрево и Каменица. Годишното производство на руда во овие рудници изнесува 1.000.000 тони.
Од неметалните оруднувања, најзастапени се азбестот, каолинските глини, опалска бреча, како и лежиштето на јаглен-лигнит ″Брик″ во Берово чија годишна експлотација изнесува 100.000 тони.