26
Јан
2024

Промовирани резултатите од Програмата за зачувување на природата

На завршниот настан, кој се одржа на 25 јануари во Национална опера и балет во Скопје беа промовирани клучните резултати од Програмата за зачувување на природата, кои беа реализирани во трите фази од Програмата, во период од 12 години.

„Следејќи ги швајцарските искуства, Програмата работеше на промена на ставот дека зачувувањето на природата и прогласувањето на заштитени подрачја не води кон стопирање на локалниот економски развој, напротив, зачуваната природа и нејзиното правилно користење води кон одржлив развој од кој најголемите придобивки ќе ги добие локалното население на долгорочна основа. Сега кога веќе мразот е скршен се надевам дека овие процеси ќе продолжат полесно во остварување на Националните цели, но и целите на европско и меѓународно ниво“ истакна Тим лидерот на Програмата за зачувување на природата, Марјана Шушлевска, која се осврна на главните постигнувања и влијанието што го оствари Програмата на национално и локално ниво. Таа посака успешна соработка и во иднина, зошто грижата за природата е наша заедничка задача, а тимот на Фармахем продолжува понатаму во остварување на нови цели користејќи го огромното искуство стекнато преку ПЗП.

„Да градите партнерски односи 12 години не е едноставна работа. Се соочивме со многу предизвици, но и со многу успешни резултати“ истакна министерката Шукова во поздравното обраќање, нагласувајќи дека Швајцарската Конфедерација со која имаме  30 годишни дипломатски односи, покрај Европската Унија, е најголем подржувач на земјата во заштитата на животната средина.

Таа изрази надеж дека заедничката работа на вакви програми, и тоа не само во заштита на природата, туку и во имплементација на инфраструктурни проекти во делот на заштитата на водите и другите области на животна средина ќе продолжи и понатаму, бидејќи Швајцарската Конфедерација има големо искуство кое  несебично го  споделува со нас, а тоа е секако е нешто што треба да го вреднуваме, почитуваме и од што треба да учиме.

Во своето обраќање амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија  – Нејзината екселенција Вероник Улман, се осврна на соработката и поддршката што Швајцарија ја дава на Република Северна Македонија во изминатите 30 години: „Уште на почетокот на воспоставување на дипломатските односи и соработка Швајцарија беше силен поддржувач на заштита на природата, како и зачувувањето на природните убавини и богатиот биодиверзитет во Северна Македонија. Препознатливата швајцарска експертиза и добри практики во одржливо управување со природните ресурси беа вградени во нашата 12 годишна „Програма за зачувување на природата“, и со истите остануваме посветени и да понатаму ја поддржуваме земјата во справување со ефектите на климатските промени и зајакнување на отпорноста на екосистемите.“.

На настанот присуствуваа голем број претставници на дипломатските претставништва, меѓународни организации, национални и локални институции од државата, како и локалните чинители кои беа директно вклучни во активностите на Програмата.

Тие имаа можност да ги проследат постигнувањата на Програмата, преку креативни и мултимедијални алатки, како и да ги слушнат искуствата од локалните чинители кои беа директно вклучени во реализација на активностите. Како дел од настанот беше презентирано и видео кое ги синтетизира различните компоненти од Програмата. Видеото можете да го погледнете на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=Q_eS6Rq-QhA

Програмата завршува, но грижата за природата и бериќетот остануваат!

 

 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...