Таписерија на вредности: врската помеѓу природното и културното наследство
Врската помеѓу природното и културното наследство преставува широка таписерија на вредности која се создава и шири од почетокот на човечката историја. Поврзаноста помеѓу овие две вредности не е воопшто апстрактна, туку е вистинска, материјална, физичка и испреплетена со приказни и случувања. Оваа врска ја раскажува поврзаноста на човекот со пределите што ги населува, екосистемите што го крепат и начините на кои се менувала животната средина низ историјата. Преку разбирање на длабочината на поврзаноста помеѓу овие две наследства се доаѓа до целокупен пристап за развивање на овие појави на одржлив начин почитувајќи ги културните, духовните и екосистемските вредности.
Брегалничкиот регион е еден од ретките предели во регионот каде има бројни примери за места и локации кои буквално ја преставуваат врската помеѓу културата, историјата и природата. Бројни места, денес заштитени подрачја и предели овде, сведочат токму тоа.
Историски основи
Почетоците на симбиозата помеѓу природното и културното наследство може да се датираат во самата зора на човештвото. Односно, при првите желби и цели на човекот на заштити одредени локалитети поради нивната природна, а во негови очи и духовна светост и значајност. Речиси сите најстари светилишта, локалитети и градби се наоѓаат во непосредна близина на важна река, езеро, брег, шума или планина. Денес, токму поради овие причини, природните локалитети останале непроменети или многу малку изменети.
Културното наследство како рефлексија на природата
Културното наследство често се темели и црпи инспирација од животната средина, особено од непосредната близина. Формите, материјалите, текстурите низ делата, градбите и уметноста секогаш доаѓаат инспирирани од природата и животната средина. Ова дури може и денес да се забележи како дел од модерната култура на локалните заедници.
Биолошка и културна разновидност
Богатството на културолошката разновидност се отсликува во биолошката разновидност, екосистемите и животната средина во рамките на едно подрачје. Богатството од живеалишта, екосистеми, видови, форми и природни појави влијаело врз развивање на богата култура и уметност кои денес се зачувани во форма на културно наследство. Оваа врска не е само техничка во форма на достапност на материјали или простор туку и духовно- уметничка.
Заштита и зачувување
Соочени со предизвиците на модерното време како урбанизација, климатски промени и глобализација, се потешко станува да се зачува врската помеѓу културното и природното наследство. Културното наследство е многу чувствително на деградација од забот на времето, а загубата на биолошката разновидност претставува опасност за традиционалните практики и обичаи кои се дел од културолошкиот идентитет на заедницата.
Решението лежи во интегрално решавање и зачувување на овие два типа на наследство како едно. Одржливиот туризам е најдобар, најлесен и најодржлив начин за зачувување на овие трајни планетарни вредности.