11
Дек
2023

Малите бизниси и заштитата на животната средина

Малите и семејни бизниси имаат важна улога во развојот на локалните економии, преку нивното придонесување во вработувањето, иновациите и локалниот развој. Но, како што расте свесноста за проблемите со животната средина, така расте и значењето на малите бизниси, наспроти големите компании и индустрии. Денес од исклучително важност е постигнувањето на рамнотежа помеѓу економскиот раст и интерес и зачувувањето на животната средина, а малите бизниси ги имаат сите можности да предничат во оваа трансформација.

Еден значаен аспект и карактеристика на малите бизниси е нивниот мал јаглероден отпечаток. За разлика од големите корпорации, малите бизниси имаат мало влијание врз животната средина што доаѓа поради нивната економска особина. Ова не значи дека не постојат мали бизниси што загадуваат, но нивното колективно влијание е далеку помало. Дури и малите бизниси да креираат некакво загадување или дури и да не немаат најеколошко производство, поради нивната димензија тие многу побрзо може да се прилагодат со внесување на нови зелени технологии, системи на енергетска ефикасност, намалување на производниот отпад и нус продукти, одржливо снабдување со примарни и секундарни материјали и др. Овие промени не само што ќе ги направат поодржливи бизниси, туку и значајно ќе ги намалат внатрешните трошоци на компанијата.

Фото: Васил Милјовски

Малите бизниси се создадени и функционираат во тесна поврзаност со локалните заедници, што значи дека многу лесно може да се прилагодат кон локалните потреби, состојби и трендови. Градењето на добра соработка со локалната заедница обезбедува подобра бизнис репутација на компанијата и ја зголемува лојалноста на купувачите. Ова доаѓа од фактот дека потрошувачите се повеќе носат еколошко свесни одлуки околу своите потрошувачки навики со што бараат исклучиво продукти и услуги добиено со еколошки стандарди.

Настрана од потрошувачите, државата како и меѓународните трговски организации постојано ги зголемуваат стандардите и преференците за квалитетни еколошки производи. Што значи дека, малите бизниси се принудени да носат еколошки одлуки кои ќе го подобри стандардот на бизнисот и со тоа ќе се подобри конкурентноста на пазарот. Да се изгради мал, еколошки и одржлив бизнис значи и поголема пристапност до мноштво државни, меѓународни и приватни фондови кои нудат финансиска и техничка помош и поддршка за развој на одржливи компании. Ова би значело со случај на соработка во форма на грант, малите бизниси се развиваат кон еколошки стандарди, добивајќи сериозна финансиска поддршка.

Еден од најдобрите начини за постигнување на подобри еколошки стандарди и одржлив развој на бизнисите и вмрежување и меѓусебна на малите бизниси под една заедничка платформа. Малите бизниси меѓусебно го може да споделуваат добри практики на производство, заеднички да собираат средства за еколошки иницијативи, заеднички да лобираат за промена на закони и политики како и да подржуваат социјални промени во самите локални заедници. Вмрежувањето на малите бизниси ќе даде поголем импакт во општеството, покажувајќи заедничка акција за важна општествена промена.

Врската помеѓу малите бизниси и зачувувањето на животната средина е динамична и постојано се менува. Додека расте свесност на јавноста за промените во животната средина, малите бизниси треба да служат за пример како може да се развива една компанија без трајни штети врз природата. Со вметнување на одржливи бизнис практики, малите, локални бизниси можат да придонесат до зачувување на животната средина, но и самите да поттикнат промена на пазарот и побарувачката економија. Одржувањето на рамнотежата помеѓу еколошката одговорност и економскиот развој не е само морална обврска, туку стратешка потреба за одржлив развој на малите бизниси.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...