20
Окт
2023

Преку заштитени предели до зачувана природа

Заштитените предели се подрачја кои се витални за зачувување на природата, но и човечкиот живот. Тоа се природни или полуприродни подрачја, долгорочно управувани, менувани и прилагодувани кон потребите на човекот, но и покрај тоа природноста и биолошката разновидност се зачувала, па дури и проширила. Денес овие места служат како безбедни оази на биодиверзитетот, обезбедуваат мноштво на витални екосистемски услуги и ги хранат и чуваат човекот. Тие не се само важни поради својата природна вредност, туку понекогаш може да се гледаат и како мали антрополошки и етнолошки музеи на отворено, каде човекот успешно ги зачувал старите, традиционални начини на живот – произведување на храна, чување на домашни животни и обработување на природни материјали.

Но, сепак најважната улога на заштитените предели е зачувувањето на природа, а преку тоа одржување на еколошкиот баланс низ поширокиот регион како и обезбедување на здрав и квалитетен живот за локалната заедница.

Пределите ја чуваат биолошката разновидност

Нераздвојна функција на заштитените предели е зачувувањето на биодиверзитетот. Овие подрачја се дом на мноштво важни растителни и животински видови, кои не ретко се ендемични, ретки и заштитени. Преку зачувување на пределите, ги чуваме нивните хабитати, а со тоа не се грижиме само за локалниот туку и светскиот генетски диверзитет. Но, пределите не се дом само на дивите, туку се и главен центар на домашните животни и растенија и целокупниот агробиодиверзитет.

Пределите ја чуваат климата

 Пределите се важен фактор во митигацијата од климатските промени. Во ова голема улога играат различните хабитати, како шуми, ливади и пасишта што се наоѓаат во рамки на еден предел. Тие со своите природните биогеохемиски циклуси, ја одржуваат еколошката рамнотежа, а со тоа ги регулираат последиците од климатските промени. Дополнително, стопанствата во пределите се од одржлив карактер со што локалните заедници имаат многу мал јаглероден отпечаток со што директно помалку влијаат врз климата.

Пределите – отворени истражувачки станици

Заштитените предели имаат огромна научно – истражувачка вредност особено во областите на: заштита на животна средина, одржливо земјоделство, шумарство, социологија, антропологија, развојна економија и одржлив развој. Начинот на кои заштитените предели се формирани и функционираат ги прават одлични истражувачки полиња, каде може да се проучуваат односите на човекот кон природата, начините на кои меѓусебно се влијаат,  како си помагаат и одржуваат, но и потенцијалните опасности и закани.

Покрај сите овие значајни вредност, пределите се уште се соочени со големи предизвици и закани во форма на обезшумување, криволовство, загадување како и урбанизација. Но, со разумно управување, заострување на регулативите, вклучување на локалната заедница како и вложување во нив, ќе даде сигурност во зачувување на овие важни природни подрачја и во иднината.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...