10
Окт
2023

Изработено видео во рамки на проектот за одржлив агротуризам и интегрирани туристички понуди

Дали шетате на село? И си правите пикник со домашни локални производи од локалните произведувачи. Ја истражувате локалната природа, нејзините природни реткости и убавини. Планинарите или пак уживате во некоја вело тура во околината. Купувате локални ракотворби, или пак сувенири. За момент го живеете животот на локалната фарма. Дегустирате од автентичната вкусна трпеза, ја осознавате локалната традиција. На овој начин вие сте учесник и му давате директна поддршка на агротуризмот.

Агротуризмот претставува симбиотска врска помеѓу туризмот и руралната средина. А Програмата за зачувување на природата (ПЗП), координирана од Фармахем од Скопје, со поддршка на Владата на Швајцарија веќе долги години активно работи и инвестира во развој на одржлив туризам во Брегалничкиот регион, со што тој полека станува пример за тоа како може да се живее и работи на одржлив начин. Главната цел на програмата е да се доближат вредностите на регионот до посетителите и да им се овозможи уникатно доживување. Програмата поддржа развивање на интегрирани туристички понуди со кои на посетителите им се овозможува да имаат активен престој и да се запознаат со природните, културните и гастрономските вредности во Брегалничкиот регион.

Интегрирани туристички понуди вклучуваат атрактивни и истовремено одржливи туристички активности на руралните земјоделски површини, а понудата на Брегалничкиот регион е раскошна и шаренолика. Вистинско поврзување со природата претставува кампување во срцевината на природата, како што е Едукативниот центар Негрево. Или вдишување и апсорбирање на сите благодати што ги нуди апи-терапијата во беровскиот апи центар Кладенче. Прошетките по околните планинарски патеки низ Берово, Пехчево, во зелените појаси околу браната Градче ја обновуваат енергијата.

Со густирање на чистиот и здрав мед, со посетата на локалните фарми како Агро Чука, дегустирањето на нивните локални рецепти, купувањето на органските производи се поврзуваме со потеклото на храната, со лицата кои ја произведуваат храната, со нивниот начин на функционирање. И секако го поддржуваме нивниот одржлив бизнис кој не остава негативна трага врз природата. Со поддршката за едукативен центар Горан Алачки сместен во Владиморово ги чуваме и пренесуваме народните традиции. Со купувањето на ракотворбите, пример од „Мојот сапун“ ги вреднуваме рачните изработки, ја будиме креативноста. Со посетата на „Кантрисајд ретрит“ ја покажуваме љубовта кон животните и нивното терапевтско влијание.

Иако не е сосема нов концепт, агротуризмот игра сè поважна улога во диверзификацијата и ревитализацијата на руралните економии, поврзувањето на луѓето со руралната култура и традиции и поттикнувањето на одржливиот туризам. Агротуризмот го знае патот до најубавите утра. Ја има мапата до тајните на природата. Ги чува изворните рецепти за идните генерации. Стимулира здрави навики, остварува познанства, отклучува нови знаења.

Да уживаме во секој нов ден. За поубави искуства, за подобар агротуризам.

Погледнете ја и англиската верзија на видеото посветено на Интегрирани туристички понуди од Брегалничкиот регион: https://www.youtube.com/watch?v=54ws0c2XI10

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...