Одржливо сточарство – баланс помеѓу природата и човечките потреби
Одржливото сточарство, во последните години добива се поголемо значење, следејќи ја се поголемата потреба за храна на планетата. Оваа зголемена побарувачка за храна, силно влијае врз животната средина, па така одгледувањето на храна на здрав и одржлив начин станува се попотребно и популарно. Сточарството и одгледување на животни за храна и ресурси претставува исклучително важна гранка која одржува многу заедници низ целиот свет и не може туку така да престане да постои. Но, со примена на одржливи методите, има можност за одгледување на различни сточарски видови, без голем притисок врз животната средина.
Принципи на одржливото сточарство
Умерено користење на ресурси: одржливото сточарство цели кон ефикасно, умерено и паметно искористување на природните ресурси: почва, вода и сточна храна. На ова се надополнува и максимална употреба на сточниот отпад и намалување на загадувањето.
Заштита на биолошката разновидност: Главна одлика на одржливото сточарство е зголемување на биолошката разновидност во и околу фармите преку умерена употреба на пестициди, засадување на локални видови на растенија или сукцесивно косење.
Благостостојба на животните: Одржување на здрави услови на живот е основа на одржливото сточарство. Обезбедување на поволни, здрави, просторни услови за живот ја подобрува благосостојбата на животните, а со тоа се добива и подобар краен продукт.
Намален еколошки притисок: Овој начин на сточарство ги намалува стакленичките гасови, ја намалува загадувањето и во целост има многу мал, минорен еколошки притисок врз животната средина.
Соработка со локалната заедница: Значаен дел од одржливите сточарски практики се дел од традиционалниот начин на живот во многу локални заедници, а преку одржливото сточарство се чува не само природата туку и културата и традицијата.
Придобивки од одржливото сточарство
Одржливото сточарство претставува решение за најголемите еколошки проблеми кои ги носи интензивното одгледување на храна, а тоа се загадување и уништување на екосистемите особено шумите. Со умерено, ограничено чување на сточарските видови се намалува влијанието врз живеалиштата и екосистемите, се чува почвата од загадување и деградација и се ограничува употребата на вода. Ова води до екосистем отпорен на климатските промени кои не придонесува кон зголемен испуст на стакленички гасови.
Со производство на високо квалитетна храна, овој вид на сточарство во себе го крие и успехот за обезбедување на доволно храна, од здраво потекло која исклучително потребна на човечката популација.