08
Авг
2023

Целите на одржливото управување со шумите

Одржливото управување на шумите е од исклучителна важност за долгорочното здравје на целата планета, како и за добробитот на човечката популација сега и во иднината. Под ова се подразбира целокупен, секторски пристап кој ќе прави рамнотежа помеѓу социјалните и економските цели од една страна и еколошките и екосистемските од другата. Целта на одржливото шумарство е зачувување на шумските екосистеми и шумските ресурси без притоа да се намалат условите за живот на општеството.

Клучен аспект во одржливото шумарство е заштита на биолошката разновидност. Шумите се дом на огромен број на видови на ретки и чувствителни живи организми. Преку имплементација на стратегии и планови за заштита и унапредување на биолошката разновидност како што се: зачувување на стари и девствени шуми, создавање на биокоридори и заштитни зони се чува важниот шумски биодиверзитет. Дополнително, со зачувување на шумите, ќе се зачуваат и малите, специфични и ретки шумски живеалишта како што се стари вековни стебла, мали шумски езера и шумски потоци што сами по себе претставуваат дом на многу видови.

Главната цел на одржливото управување со шумите е секако разумното искористување на шумите како ресурс. Ова подразбира различни шумски практики како долгорочна планска сеча; каде стеблата или локалитетите за сеча се однапред одредени и мапирани и каде се следи природна сукцесија на шумата. Друг пример за вакви практики се зафатите со пошумување, кои се случуваат постепено, плански и предвидено според теренот и локалната биоценоза. Но, разумно искористување на шумите значи и разумно користење на шумските продукти како: бобинки, мов, лишаи, габи и лековите растенија. Овој начин на нивно собирање ги чува овие видови од претерана експлоатација и можност за нивно истребување.

Најважен аспект од одржливото шумарство е вклучувањето на локалната заедница во управување со овие екосистеми. Овие граѓани се директно поврзани од шумата и често нивниот живот е тесно поврзан со состојбата на шумата. Затоа е важно, кога се управуваат шумите да се води сметка за локалните потреби, правила и традиции  сѐ додека тие традиции не водат до неповратни еколошки штети. Преку соработка со мештани при креирање на плановите за управување со шумите, кај нив се раѓа чувство на можност локално управување и колективна грижа за шумите.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...