30
Јун
2023

Велосипедизам и заштитени подрачја

Велосипедот несомнено претставува најеколошкото механичко средство за транспорт и патување. Со велосипедот можеме многу брзо, ефикасно и на чист начин да ги посетиме заштитените подрачја. Иако пешачењето и планинарењето остануваат најдобар начин одблиску да се запознаете со природните реткости и убавини, сепак со помош на велосипедот можете со пократко време и со помалку физички напор да поминете поголема должина во вашето патување.

Фото: Васил Милјовски

Но, сепак постојат правила кои треба да се почитуваат со цел да се намали влијанието врз природата.

  • Секогаш движете се по однапред трасирана и поставена велосипедска патека.
  • Внимавајте секогаш да управувате велосипед кој е во добра состојба и не остава траги од масло и пластика зад него.
  • Доколку имате потреба од теренска поправка на велосипедот, секогаш понесете го со вас отпадот од поправката (картонски кутии, пластика, гума).
  • Избегнувајте непотребно силни и трепкачки светла и прегласни звучни сирени со цел да ги вознемирите животните.

Со цел безбедно движење со велосипед, секогаш почитувајте ги следните правила:

  • Секогаш користете исправен велосипед со гуми и опрема соодветни за теренот каде сте се упатиле.
  • Избегнувајте соло возење, а доколку немате партнер известете некој близок за трасата на која планирате да возите.
  • На себе носете потребна заштитна опрема.
  • Понесете доволно храна, вода, како и алат за мали поправки на велосипедот.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...