23
Јун
2023

Одржливо пчеларство

Пчелата е еден од првите животински видови припитомени од страна на човекот и еден од неколку видови на без’рбетници (заедно со полжавите и црвите) кои човекот го одгледува со векови. Медоносната пчела е вид што човекот ја одгледувал уште од антиката, а трагови од примитивно пчеларство се среќаваат во остатоците од најстарите цивилизации како древен Египет и Месопотамија. Денес европската медоносна пчела (со неколку регионални подвидови) претставува најодгледуван инсект и единствен, природен извор на мед.

Од аспект на земјоделството, пчеларството претставува гранка на сточарството која на светско ниво е во пораст, особено следејќи го трендот за здрава исхрана и природни засладувачи. Како што човечката популација расте, така расте и потребата за огромно количество за мед и други пчелни продукти што секако не може, а да не влијае врз природата. Генерално, постојат два типа на пчеларство; интензивно (индустриско) и екстензивно пчеларство. Во интензивното пчеларство се вложува многу во транспорт, размножување, манипулација, прихрана, лекување, вакцинирање и општо управување со пчелните семејства, за разлика од екстензивно пчеларство каде пчеларот ги препушта работите на екологијата и биологијата на пчелата.

Под одржливо пчеларство се подразбира разумно управување во пчелните семејства и еднаква грижа и кон животната средина и другите опрашувачи и кон медоносната пчела. Мора да се дефинира дека ослободување на медоносна пчела во природа, значи ослободување на сточарски вид и влијанието на пчелата е исто или слично како влијанието од било кој друг сточен вид. Ова не значи дека медоносните пчели се опасни, напротив, тие помагаат во опрашување на многу земјоделски култури, а пчеларството носи живот на многу семејства и локални заедници, но сепак постојат неколку чекори со кои можеме да одгледуваме пчели без да влијаеме на животната средина:

Пренос на паразити и болести

Медоносната пчела е склона кон паразити и различни вирусни, бактериски и габични инфекции. Овие болести лесно може да се пренесат кон другите диви пчели и опрашувачи. Медоносната пчела преку разни пчеларски методи може да се заштити и излечи, но дивите видови се оставени сами на себе. Затоа е важно, пчелите навремено да се третираат со потребна заштита и да се ставаат во карантин пред да бидат пуштени на отворено.

Миграција (пренос) на пчелни семејства

Особено е важно кога и каде се носат (пренесуваат) пчелните семејства. Треба да се внимава да не се поставуваат сандаците во непосредна близина на важни природни и заштитени подрачја зошто медоносните пчели може да влијаат врз опрашувањето на ретките растителни видови, кое може да успее само преку опрашување со специфични видови на диви пчели.

Бројност на пчелни семејства

Со цел да се постигне одржливо пчеларство, потребно е разумно размножување и проширување на пчелните семејства. Уште повеќе, важно е умерено поставување на сандаци на ограничено географско подрачје. Колку повеќе медоносни пчели на едно подрачје, толку помалку храна и ресурси за другите диви опрашувачи.

 

 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...