Посета на претставници на Србијашуме на заштитените подрачја Осогово и Малешево
Претставници на ЈП Србијашуме, кое управува со повеќе заштитени подрачја во Србија, од 15 до 16 мај 2023 година беа во возвратна посета на заштитените подрачја Осогово и Малешево. Во рамки на посетата, имаа можност да се запознаат со активностите кои ги спроведува управувачот со заштитените подрачја – ЈП Национални шуми, како дел од плановите за управување. Исто така беа посетени дел од содржините во заштитените подрачја Осогово и Малешево, кои се дел од понудата на регионот за одржлив туризам во и околу заштитените подрачја.
Активностите за размена на искуства и воспоставување на соработка со слични подрачја во регионот, се дел од плановите за управување и годишните програми на заштитените подрачја Малешево и Осогово, кои се реализираат со поддршка на Фармахем и Македонско еколошко друштво, во рамки на Програмата за зачувување на природата – Излезна фаза.