28
Апр
2023

Како правилно да садиме дрвја и садници?

Засадувањето на дрвја и садници е еден од начините преку кои можеме да помогнеме во процесот на обновување на шумите и шумските екосистеми, или пак да помогнеме во враќањето на зеленилото во урбаните средини. Со засадување на дрво и садница, ние оставаме наш удел во природата и се грижиме и следната генерација да може да ужива под сенката на дрвјата кои се засадени или зачувани од генерациите пред нас. Велат, под дрвјата што денес ќе ги посадиме, ќе седат нашите наследници и тоа е вистина, зошто некои видови на дрвја се долговечни и во идеални услови тие би можеле да опстанат во природата со векови.

Постојат неколку аспекти на кои мора да внимаваме кога сакаме да засадиме дрво. Секако постојат и правила од праксата што укажуваат на кој начин, каде и кога е идеално да се засади дрво, со цел негова успешност, раст и развој во иднината.

Важно е каде ги садиме дрвјата

Локацијата е многу важна за развојот на дрвото. Главното прашање е дали дрвото го садиме во постоечка шума, на празен простор во природата или пак во урбана средина. Доколку дрвото го садиме во шума, треба да се погрижиме видот што го садиме да одговара на постоечката флора во шумата. Понатаму, треба да внимаваме дали неговата позиција пречи на другите веќе постоечки дрвја и растенија. Доколку шумата во која го садиме е управувана, треба да провериме дали во тој дел на шумата е планирано сеча или чистење на шумата во блиска иднина што би влијаело врз развојот на дрвото. Доколку дрвото го садиме на отворен простор, соголен рид или ливада, треба да внимаваме дали на овој простор постојат поволни услови за природен развој на дрвото. Дали дрвото ќе добива доволно вода, дали е под удар на ветрот или ерозија. Кога садиме дрво со урбана средина треба да водиме сметка дали дрвото го садиме на приватен или јавен имот. Дали површината е под управа на некое јавно, комунално претпријатие и дали на таа површина се предвидени некакви хортикултурни уредувања.

Кога да се сади?

Времето на садење на дрвјата е многу важен фактор во успешноста во растот и развојот. Генерално не треба да се сади во зима, кога почвата е ладна, сува и цврста или пак преку лето кога почвата е сува, а температурите високи. Што значи дека садењето на дрвја е идеално за време на пролетта или пак првите месеци од есента.  Некои видови на дрвја имаат многу специфични барања за тоа кога е идеален период за садење, па во зависност од видот, треба да се одбере и периодот за садење.

 Кој вид да се сади?

Изборот на вид на дрво што ќе го садиме е многу важен фактор зошто треба да одговара на климата и локалната флора. Треба да внимаваме да не садиме алохтони и поважно инвазивни видови што може неконтролирано да се прошират и негативно да влијаат врз локалната флора. Затоа, се препорачува секогаш да се садат локални видови на дрвја, на места кои одговараат на екологијата на видот.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...