31
Мар
2023

Се одржа петтиот состанок на Управниот одбор на ПЗП – излезна фаза

На 29 и 30 март 2023 година во Берово се одржа петтиот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – излезна фаза, со присуство на сите членови на Управниот одбор од  Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Центар за развој на Источен плански регион и Амбасадата на Швајцарија во Северна Mакедонија, како и членови на Проектниот тим за координација. На состанокот беше усвоен Годишниот извештај за 2022 година, како и Годишната оперативна програма за 2023 година.

Во рамки на настанот членовите на Управниот одбор, предводени од претседавачот Министерот за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, посетија дел од локалните чинители кои се вклучени во интегрираните туристички понуди во и околу заштитените подрачја Осогово и Малешево, кои беа развиени во текот на 2022 година, со поддршка на ПЗП – излезна фаза.

Членовите на Управниот одбор, заедно со Проектниот тим, претставник на управувачот со ЗП Малешево и ЗП Осогово, градоначалникот и претставници Општина Пехчево, засадија автохтони овошни дрвца од круши, јаболка и костен во дворот на Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево, кој е дел од интегрираната туристичка понуда.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...