29
Мар
2023

Економските придобивки од заштитените подрачја

Економскиот развој и финансиските придобивки од заштитени подрачја се теми на кои често се обрнува многу малку внимание. Се добива впечаток  дека заштита на животната средина тешко може да се поврзе со економски придобивки и развој на заедницата. Но, секако дека тоа не е така. Заштитените подрачја во себе кријат огромен економски потенцијал, кој доколку биде искористен на правилен, разумен и одржлив начин ќе значи градење на самоодржлива заедница, која ќе се грижи за природата, без притоа да ја искористува исклучиво како директен извор на ресурси. Економските придобивки од заштитените подрачја може да се директни и индиректни, но секогаш се долгорочни зошто вложување во и од природата даваат долготрајни придобивки.

Фото: Александар Алексовски

 

Развој на туризам

Одржливиот туризам, базиран на туристички активности во природа претставува одржлив начин на кој може да се развива и подрачјето и локалната заедница. Преку креирање на богата туристичка понуда, во склад со локалните можности, може да понудат активности во текот на целата година,  што придонесува кон финансиски придобивки за целиот регион.

Брендирање на локални производи

Производството на храна и прехранбени продукти, занаетчиски продукти, текстил, кожа, рачни ракотворби и сл. во рамки на заштитено подрачја, носи со себе уникатен бренд кој за подобар пласман на висококвалитетни продукти по цена која ќе одговара на квалитетот.

Наплата на екосистемски услуги

Преку воведување на различни системи кои монетарно ќе ги вреднуваат екосистемските услуги кои потекнуваат од границите на заштитеното подрачје, може да се обезбеди долготрајна финансиска стабилност на подрачјето.

Развој на заедницата и локалната економија

Зголемувањето на локалниот пазар поради заштитеното подрачје, се зголемува и локалниот стандард, а со тоа се развива и локалната економија која преку самовложување дополнително се развива самата себе.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...