Вевчани – Прва македонска зелена дестинација
Во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП) покрај активностите во брегалничкиот регион се спроведува и една специфична компонента за воспоставување на шема за плаќање на екосистемски услуги преку користење на концептот на Green destination туризам. Активноста се спроведува на територијата на Општина Вевчани и заштитеното подрачје „Вевчански извори“, а во соработка со општината, Македонското еколошко друштво и Mustseedonia. Во тек е кампања за промоција на активностите на оваа компонента и Вевчани како прва зелена дестинација во државата.
Вевчани е значајна туристичка дестинација, која како национален бренд е позната низ светот. Вевчани е заштитено подрачје во категоријата Споменик на природата поради своите зачувани, трајни природни вредности. На оваа низа епитети додаваме уште една: Вевчани е прва македонска зелена дестинација!
Ова значи дека Вевчани влегува во ексклузивна група на туристички дестинации, кои поради своите природни и културни вредности се реткост во светски рамки.