20
Мар
2023

Земјоделство и производство на храна во заштитено подрачје

Заштитените подрачја, особено оние поголеми по површина секогаш се наоѓаат далеку од урбаните средини и во близина на руралните населби каде локалното население најчесто се занимава со земјоделство и обработување на почвата. Всушност, во најголем дел локалните, рурални заедници значаен дел од своите приходи ги добиваат од различни форми на земјоделство, без разлика дали е одгледување на растителни или пак сточарски видови. Ова значи дека нивната живејачка е директно поврзана со околната животна средина, зошто таа им ги обезбедува потребните ресурси за одржување на домашното земјоделско стопанство.

Обработувањето на почвата и производството на храна е дозволено, секако следејќи ги препораките за одржливо земјоделство, во кое нема да се применуваат штетни пестициди или пак ќе се применува палење на стрништа. Одгледувањето на храна и напасувањето на стока е забрането само во деловите на строга заштита, како и местата кои се оставени за краткорочни или долгорочни истражувања и мониторинг. Категоријата на заштитено подрачје заштитен предел постои токму поради соработката на човекот со природата, и во овој случај присуството на човекот значи одржување на некои видови на екосистеми.

Одредени ограничувања постојат во насока на напасување на стоката во зони на строга заштита, забрана за уништување на ретки растителни видови како и неодржливи земјоделски практики како палење на стрништа или гола сеча на шума за проширување на земјоделските површини. Но, заштитата на едно подрачје носи многу поволности за развој на земјоделието и на заeдницата, а тие се:

Чиста животна средина

Животот во рамки на заштитено подрачја означува живот во релативно чиста животна средина што значи можност за производство на чиста и органска храна одгледувана во чиста средина со чиста вода.

Зачувување на традиционални земјоделски практики

Значаен дел од традиционалните земјоделски практики се одржливи и еколошки што значи дека нивната употреба во земјоделските површини е добредојдена и препорачана. Преку ова се заштитуваат и културолошките и историските особености на регионот.

Заштита од загадување

Во рамките на заштитеното подрачје не се дозволува развој на тешка и загадувачка индустрија што значи дека постои гаранција за  долготрајно производство на храна во ограничени, еколошко услови

Промоција на локалните производи

Произведените земјоделски продукти во рамките на заштитеното подрачје, имаат додадена вредност и претставуваат сами по себе бренд што ја подобрува конкурентноста на продуктите на националните и меѓународните пазари.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...