01
Дек
2022

Студиско патување во Пелагонискиот регион

Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), со поддршка на Владата на Швајцарија, од 4 до 6 Ноември 2022 година организираше студиско патување за избраните даватели на услуги од областа на активен, рурален, одржлив и еко туризам кои беа поддржани од ПЗП изминатиов период.

Беа посетени различни иницијативи од Дихово, Битола, Демир Хисар, Сладуево и Слоештица:

  • Пчеларникот БН во село Дихово во сопственост на Нацо Јовчевски, каде присутните имаа можност да дегустираат мед и пчелни производи, и да се запознаат со концептот за апи терапија во апи комората на Нацо.

  • Вила Дихово, каде Пеце Цветковски и неговото семејство на домашните и странските туристи им овозможуваат автентично македонско рурално искуство и ги учат како да приготвуваат храна од нашата богата кујна. Турата во вила Дихово заврши со обиколка на подземната винарска визба на семејството Цветковски, стара повеќе од 100 години и со целосно задржан првобитен изглед и функција на просторијата.
  • Гастрономско уживање во дворот на битолчанката Сандра, која приготвува традиционална македонска храна на современ начин и согласно најновите кулинарски трендови. Сандра има угостено повеќе од 600 туристи во нејзиниот двор во последните неколку години, кои потекнуваат од различни земји во светот. Меѓу највпечатливите ја вбројува посетата на јапонските туристи.

  • Битолското здружение за традиционални ракотворби Зур, чии членови изработуваат ракотворби од разни материјали и техники кои се специфични за нашата држава. Во здружението членуваат голем број на изработувачи на традиционален накит, облека, подароци, сувенири и ракотворби од Пелагонискиот регион, кои ја чуваат и продолжуваат македонската традиција и култура.
  • Арт Поинт Гумно во село Слоештица на Сергеј и Ирена Андреевски, интернационален центар за уметност и одржлив развој во родното село на Петре М.Андреевски. Овде учесниците имаа можност да се запознаат со уметничките дела на голем број домашни и странски уметници, пробаа од домашните специјалитети специфични за регионот, направија обиколка на културниот центар во Слоештица и ги посетија познатите „валајци“ за валање платно и други ткаенини.
  • Гара ранч во село Сладуево, демирхисарско. Гоце на својот ранч му го дал името по истоимениот коњ кој живее во хармонија со околната природа во малото село близу Демир Хисар. На ранчот се организира престој и јавање коњи за деца и возрасни.
  • Гастрономско искуство во Моја бавча – Демир Хисар, бавчата на Александра каде туристите можат сами да ги одберат состојките за нивниот оброк кој го готват заеднички со Александра. Љубителите на локалните вкусови на намази и преработки од овошје и зеленчук можат да понесат дел од овие вкусови со себе, со купување на производите кои Моја бавча ги подготвува од родот на сопствената бавча.

Во рамки на овие активности за размена на знаења и искуства со слични иницијативи, во Офицерски дом во Битола се одржа настан кој на едно место ги спои давателите на автентични туристички содржини од двата региони, овозможувајќи им да споделат информации поврзани со нивните дејности. На настанот се презентираа и двете нови интегрирани туристички понуди кои беа развиени од страна на Балкан Прајм Тоурс и Маунтин експириенс во рамки на ПЗП, а вклучуваат 8 иницијативи од Брегалничкиот регион.

Презентација на концептот за интерпретација на природното и културно наследство спроведе Василка Димитровска од организацијата ХАЕМУС, овозможувајќи им на присутните да на туристите им овозможат подобро искуство преку соодветно прикажување на убавините од нивното окружување.

 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...