Брегалничкиот регион збогатен со два нови интегрирани туристички пакети
Туристичката понуда во Брегалничкиот регион се збогати со два нови интегрирани туристички пакети, развиени во рамките на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), со поддршка на Владата на Швајцарија.
На 2 ноември се изведе фам тура наменета за тур оператори и новинари, каде што официјално беа испромовирани интегрираните понуди на Balkan Prime Tours и Mountain Experiencе, кои беа селектирани како интегратори на јавниот повик објавен од страна на Програмата за зачувување на природата (ПЗП).
Во понудите се вклучени 8 локални чинители од Осоговскиот и Малешевскиот регион кои имаат за цел да придонесат кон подобрување на економската положба на локалното население преку одржливо користење на природните ресурси.
Преку промоција на традицијата и културата, природните вредности, како и грижа за животните и природата, овие пакети нудат активен престој и уникатно доживување за посетителите.