25
Окт
2022

Како да ги чуваме почвите?

Почвите се природен ресурс од кој зависат речиси сите сувоземни живи организми на Земјата, можеби со исклучок на видовите кои го населуваат вечниот мраз на половите на планетата и оние кои живеат во мракот на длабочините на пештерите. Почвите се местото, основата од која расте и се развива сиот живот на сите континенти. Почвата е екосистем, место во кое живеат илјадници ако не и милиони видови на бактерии, алги, инсекти, црви, полжави, ларви од инсекти, цицачи, габи и бројни познати и непознати животински видови. Почвата е и основата, супстрат на кој се развиваат сите растенија на Земјата, од каде живите организми добиваат кислород за живот, што значи дека почвата е таа која го дава животот на планетата.  Како почва се означува првиот, најгорниот и најплиткиот дел од земјината кора. Но, без разлика што ова е најмал, најтенок слој тој е единствениот, жив и активен дел од кората. Почвата е и простор каде се одвиваат мноштво на хемиски и биохемиски процеси кои се поврзани со сите природни процеси, кружење на материите и елементите и давање услови за живот. Во зависност од географската поставеност, во светот постојат илјадници видови на почви кои се разликуваат според нивната боја, форма, киселост, фунцкија и апсорбција.

Фото: Марија Ѓурчиновска

Но, за жал почвите се мета на сите загадувања од човечката активност. Сите загадувачки материи во воздухот и атмосферата па и од водата завршуваат на и во почвата, а од таму се шират низ растенијата и завршуваат во животните, но и во нашата храна. Затоа е исклучително важно, да се зачуваат почвите од загадување, преупотреба и ерозија.

1.Заштита на шумите

Шумите покриваат значаен дел од сувоземните екосистеми на планетата. Со заштита на шумите, се чуваат и почвите под нив како и сиот жив свет што живее во почвите. Сечењето на шумата ја изложува почвата и таа почнува да се суши и да ги губи природните карактеристики.

2.Умерена употреба на пестициди

Пестицидите се најголема опасност за почвите. Тие ја загадуваат почвата, а нивното делување може да трае се декади и векови. Со цел да ги заштитат земјоделските почви, мора да се почне со намалено и умерено употребување на пестициди.

3.Заштита од ерозија

Со процесот на ерозија годишно се губат огромни количество на почва. Таа се разложува, распаѓа и плакне се дождовите. Затоа преку различни антиерозивни методи и природни решенија, треба да се штитат почвите од ова неповратно губење.

 

 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...