14
Окт
2022

Заштита на природата и развојот на локалната заедница

Голем дел од значајните природни подрачја и локалитети се наоѓаат во или во непосредна близина или на границите на населените места. Само мал број на заштитени природни подрачја се наоѓаат на некои далечни и тешко достапни локации. Клучен аспект за успешна заштита и управување на едно заштитено подрачје е поддршка, соработка и вклучување на локалната заедница и потребите на локалното население. Дел од населението од незнаење и страв од промени, гледа на заштитените подрачја како опасност за промена на секојдневието и динамиката на заедницата и регионот, но во речиси сите случаеви тоа води директно до подобрување на животот, животниот стандард и квалитет на живот. Прогласувањето на едно подрачје за подрачје под заштита секако носи промени, но тие промени не се негативни, туку само го унапредуваат регионот и ги штитат природните ресурси. Секако, ова со себе си носи голема одговорност и дисциплина – па така дел од навиките на локалното населени кои се директна опасност кон природата како: фрлање на отпад, палење на стрништа, прекумерно користење на пестициди и сл. ќе мораат преку едукација и поддршка да заминат во историјата. Но, дури и ова води до подобра животна средина токму за нив – за локалното население.

Фото: Ирена Маџаровска

Значаен дел од подрачјата под заштита се наоѓаат во руралните средини, каде населението се бави најчесто со земјоделство и живее од земјата, што значи дека заштита на природата, особено на природните ресурси води до директна полза во нивното производство. На кои се начини се поврзува заштитата на природата и развојот на заедници:

1.Социо-економски развој

Заштита на природата и правилното употребување директно водат до економски, но поважно одржлив и рамномерен економски развој. Локалните продукти добиваат на конкурентност на пазарот и се креира препознатлив бренд, се развива локалниот туризам и бизниси, младите остануваат во средината и го градат својот живот, се развива инфраструктурата и се зголемуваат јавните сервиси.

2.Заштита на природните ресурси

Природните вредности се особено важни за заштита на животната средина и нивната заштита е клучна за животот на локалната заедница. Животот во вакво подрачје значи сигурни и обезбедените природни ресурси кои водат до стабилен живот, можност за развој  и унапредување.

3.Зачувување на историјата и традицијата

Развојот на заедницата како резултат на заштитата на природата, ќе придонесе до демографски развој што значи дека заедница ќе продолжи да се развива во историскиот простор. Ова значи се повеќе луѓе ќе останат и ќе живеат таму, што води до зачувување на заедница, нејзината историја и традиција.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...