07
Окт
2022

Новата опрема и теренски возила ќе придонесат за ефикасно управување со заштитените подрачја „Осоговски Планини“ и „Малешево“ од страна на ЈП Национални шуми

Денеска на Пониква, на Осоговските Планини се промовираа новата опрема и теренски возила за управувачот со заштитените подрачја Осоговски Планини и Малешево – ЈП Национални шуми, кои се обезбедени во рамки на поддршката на Швајцарија, преку Програмата за зачувување на природата (ПЗП).

Зајакнувањето на капацитетите на ЈП Национални шуми за одржливо управување со заштитените подрачја Осоговски Планини и Малешево, е еден од приоритетите во Плановите за управување со заштитените подрачја, каде покрај обезбедувањето на соодветна опрема, е вклучена и обука на лицата задолжени за реализација на предвидените активности. Со тоа се зголемува ефикасноста на управувачот ЈП Национални шуми, во соработка со општините и другите засегнати страни, да ги исполни поставените цели.

На настанот присуствуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Швајцарската агенција за развој и соработка, Јавното претпријатие Национални шуми (ЈПНШ), Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР), градоначалникот на општина Кочани, претставници од Фармахем, Македонското еколошко друштво (МЕД), како и локални чинители.

Настанот го организираа ЈП Национални шуми, со поддршка на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), координирана од Фармахем, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...