20
Мај
2022

Го прославуваме Светскиот ден на пчелата

Во последните години бројот на видови на инсекти значително се намалува, а брзината со која видовите исчезнуваат е толку сериозна, што научната јавност оваа појава ја нарекува апокалипсата на инсектите. Значaен број инсекти, вклучително и пчелите се опрашувачи, што значи нивното постоење е клучно и за опстанокот на цветните растенија, а со тоа и на човештвото.

За таа цел, во Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево на 20 мај го прославивме Светскиот ден на пчелата.

На овој ден се одбележаа заложбите за заштита на пчелите и развој на пчеларството, но и подигање на јавната свест за улогата на пчелите и другите опрашувачи , загрозеноста на нивниот опстанок и нивниот придонес за одржлив развој.

Настанот беше одбележан со поддршка на амбасадата на Република Словенија и Програмата за зачувување на природата (ПЗП), со повеќе активности како садење на медоносни растенија, работилница за подготовка на здрава храна за деца,  презентација на мед и медни производи од здружението Меден Исток, како и доделување на награди за најдобрите ликовни и литературни творби од Брегалничкиот регион на тема “Пчелата живот значи”.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...