06
Мај
2022

Реките и климатските промени

Многу често кога се зборува за климатските промени и нивните последици се зборува за заштита на шумите или пак за одржливите извори на енергија, а многу ретко се спомнуваат скриените херои кои можеби можат да ја спасат природата и климата – реките.

Реките се многу значаен екосистем кои во себе содржат разни природни системи со кои може да си помогнат на себе, но и на околните живеалишта и екосистеми. Тие со своите придружни екосистеми претставуваат браник од последиците од климатските промени и се силно оружје за зачувување на дивиот свет, но и здравјето на луѓето и градење на планетарна отпорност. Поврзаноста на реките и климатските промени може да се подели на два аспектa: како климатските промени влијаат врз реките и како реките може да помогнат во борба со климатските промени доколку ги заштитиме.

Како климатските промени влијаат на реките:

Суша и зголемување на температурата

Со зголемување на температурата може да дојде до суша што сериозно може да го намали водостојот на реките. Сушата може да предизвика намалување на издашноста на изворите или пак намалување на капацитетот на притоките. Ова води до директно намалување на водата во реките што води до загрозување на живиот свет, а со тоа и до загрозување на животот на заедниците што ја користат водата за наводнување.

Поплави

Временските непогоди или промените на водниот циклус води до појава на големи и силно поплави што целосно може да го променат изгледот на реката; да ги уништат бреговите, да ги поплават околните екосистеми и да се загади водата со минерали или пак хемикалии од околните земјоделски површини.

Како реките може да помогнат во борба со климатските промени:

Штит од поплави

Доколку реките и околните водени живеалишта правилно се управуваат и заштитат тие претставуваат штит против поплавите и една форма на „сунѓер“ што може да го прими и регулира вишокот на вода, а преку процесот на таложење и филтрирање преку вегетација таа вода да се исчисти

Обезбедување на удобни живеалишта во топлотни бранови

Реките со својата физичка особина да постојано да течат обезбедуваат услови за заштита во случај на топлотни бранови. Рипариската вегетација нуди сенка која ја лади и површината на водата, но и околината.

Извор на вода

Во случаи на големи суши и губење на површинската вода, реките – особено високопланинските брзи реки и потоци остануваат последен избор на вода и за човекот, но и за целиот останат жив свет. 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...