26
Апр
2022

Улогата на заштитените подрачја во зачувување на живеалиштата

Заштитените подрачја преставуваат системи кои обезбедуваат заштита, унапредување и управување на подрачја во природата кои се карактеризираат со исклучително високи природни вредности. Целта на подрачјата под заштита и да обезбедат можност за чување и развој на сите сегменти и аспекти на природното наследство. Една од основните причини за формирање на системите на заштитени подрачја е зачувување на ретките и важни екосистеми, видови и живеалишта. Најголем процент на подрачјата под заштита го уживаат овој статус токму поради постоењето на специфично живеалишта или мрежа на живеалишта во рамки на границите на подрачјето. Многу често со цел да се заштитат живеалиштата потребно е да тие да се одржуваат и управуваат, а системите за заштитени подрачја се најдобар метод во оваа насока.

Физичка заштита на живеалиштата

Ретките и важни живеалишта често се под опасност од физичко уништување како: сеча на дрвја, пожари, поплави или друг вид на уништувања – па затоа нивното прогласување за подрачје под заштита нуди директна, физичка и моментална заштита од различни природни непогоди или инциденти предизвикани од човек.

Правилно управување и мониторирање

Со цел да се заштитат важните живеалишта,  тие имаат потреба од постојан надзор, мониторирање како и развој на програми за нивно подобрување. Без разлика дали станува збор за: садење и управување на вегетацијата, контролирање на инвазивни видови и штетници, внесување на загубени видови, оградување или прихранување – доколку живеалиштата се дел од подрачје под заштита сите овие системи би дале поголеми резултати.

Промовирање и едуцирање

Со цел да се осигура одржувањето на значајните живеалишта и во иднина потребно е да се едуцираат идните генерации за нивното значење, но и истовремено да се промовираат со општата јавност. Секое подрачје под заштита преку својот годишен план за едукација на јавност обезбедува можност за посета и запознавање на јавноста со живеалиштата, а преку тоа се обезбедува индиректна заштита и на живеалиштата, но и на целото заштитено подрачје.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...