30
Мар
2022

Пораките од документарниот филм Медена Земја се доближуваат до учениците од основните училишта преку едукативен пакет

На 29 март во Даут – Пашин Амам во Скопје се промовира едукативниот пакет Медена Земја, кој ќе придонесе учениците од основното образование, на возраст од 10 до 14 години, да се запознаат со клучните пораки од документарецот Медена Земја преку интерактивен пристап. Настанот го организираа Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука и Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), координирана од Фармахем, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

На настанот се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој ја нагласи важноста на исконската мудрост и моќните пораки што ги пренесува документарецот Медена Земја „Ние сметавме дека овие моќни пораки треба да стигнат и до нашите најмлади, бидејќи од особена важност е нивното образование и воспитување да обезбеди да растат во хармонија со природата и да ги почитуваат основните принципи на интеракција со неа.”

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ја истакна важноста на едукативниот пакет, кој се состои од 3 компоненти: илустрирана сликовница Медена земја, интерактивна игра со коцки и голема интерактивна игра. Во пилот фазата едукативниот пакет е испечатен на македонски, албански и турски јазик и беше дискрибуиран во основните училишта во Брегалничкиот регион. „Во рамки на овој проект креиравме пакет со едукативни материјали и игри во кои се воведени пораките од документарниот филм Медена Земја и истите побудуваат љубопитност, учење и размена на искуства меѓу наставници и ученици, што ќе овозможи унапредување на сопствените вештини за доживотно учење“, рече министерот Шаќири додавајќи дека проектот ја зацврсти соработката помеѓу институциите од јавниот, приватниот и меѓународниот сектор, а тоа пак, како што рече, носи зголемена и споделена одговорност за креирање на услови за промена во образованието.

Во своето обраќање Амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија – НЕ Véronique Hulmann, се осврна на значењето на документарецот Медена земја и моќната порака: „Половина од медот чувајте ја за вас, а другата половина оставете ја за пчелите!“, што не беше само порака, туку и повик за будење за сите нас – креаторите на политики и обичните граѓани кои ги искористуваат природните ресурси без грижа за животната средина и нејзината одржливост, што е против нашиот сопствен интерес и против интересот на нашите деца. Едукативниот пакет е одлична можност учениците да се вратат во реалниот живот и да почнат да играат и да се смеат заедно, да се забавуваат, а во исто време да учат за природата, нејзините правила на постоење и потребата од одржливо користење на природните ресурси“.

На настанот свое обраќање имаше и директорот на Бирото за развој на образованието Зекирија Хасипи, кој се осврна на резултатите од пилот фазата во која беа опфатени училиштата од Брегалничкиот регион „Интересот од наставниците кои беа вклучени во серијата обуки за спроведување на едукативниот процес во неформалното образование беше голем и тоа ни дава за право со задоволство да бидеме оптимисти дека едукативниот пакет успешно ќе се спроведе до учениците како крајни корисници. Бирото за развој на образованието ќе ја следи понатамошната имплементација на едукативниот пакет. Од исклучителна важност за нас е да се најде начин овој едукативен пакет да биде достапен до сите училишта на територијата на целата држава“.

Тим лидерот на Програмата за зачувување на природата, Марјана Шушлевска потсети на големиот успех на документарниот филм Медена земја, чија што продукција беше поддржана од Програмата и моќните пораки кои преку главната протагонистка Атиџе го обиколија светот. „Црвената линија веќе ја имаме поминато, притисоците врз природата се големи, а последиците од нејзиното уништување ги чувствуваме постојано. На младите, нашата иднина, им престои период полн со предизвици. И токму можноста традиционалното локално знаење за искористување на природните ресурси, како она на Атиџе кое е одличен пример за живот во хармонија со природата, да се доближи до нив преку ваква интерактивна едукативна алатка, е вистинскиот пат како да ги подготвиме да се справат со предизвиците на што е можно посеопфатен, холистички начин“.

Содржината на едукативниот пакет, во име на авторите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ја презентираше Симона Стојановска, координатор на проектот и главен уредник на илустрираната книга. Автори на интерактивните игри во едукативниот пакет се: Александар Микиќ, Самоил Петревски, Владимире Трајчевски и Борис Момиќ.

На настанот учествуваа претставници на министерствата, дипломатските претставништва, меѓународни организации, надлежните институции во Република Северна Македонија на национално и регионално ниво, кои имаа можност  да се запознаат со содржината на едукативниот пакет, и уште еднаш да се сретнат со Атиџе и да се потсетат на дел од содржината на документарецот Медена земја.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...