28
Фев
2022

Садење медоносни растенија – високо на листата на приоритети во нашиот календар

Постои стара кинеска изрека која вели „Најдобриот момент за да се посади дрво е пред 20 години. Вториот најдобар момент за да се посади дрво е сега.“  Садењето дрвја во денешни услови е поважно од било кога, а садењето медоносни дрвја и растенија e единствен начин да го обезбедиме опстанокот на пчелите и останатите опрашувачи!

Медоносните растенија се „ресторани“ за пчелите и останатите опрашувачи. Она што е предизвик за пчелите и останатите опрашувачи е што потрагата по храна за нив станува се понеизвесна, патот подолг, а менито за храна се пократко, како резултат на  изразеното влијание на климатските промени и последиците по вегетацијата.

Од растителните видови кои се користат за производство на храна за луѓето, 75% се директно зависни од опрашување, а медоносните пчели се заслужни за 80% од опрашувањето кое е помогнато од инсектите. Очигледно е дека недостатокот од храна за опрашувачите значи и неминовен недостаток на храна за луѓето. Дополнително, медоносните растенија обезбедуваат живеалиште за одредени животински видови, спречуваат ерозивни процеси и помагаат да се зачува биолошката разновидност.

Чувствувајќи ги директно негативните последици од намалената достапна паша за своите пчели, пчеларите одамна ја потенцираат важноста на садењето медоносни растенија. Со цел да се подигне свесноста кај сите општествени чинители и сите активно и заеднички да се вклучат во садењето на медоносни растенија, Словенечкиот пчеларски сојуз во ноември 2021 го започна проектот Ден за садење медоносни растенија (Dan sajenja medovitih rastlin / Day of planting honey plats). Целта на проектот е да се посадат што повеќе медоносни растенија, а во акцијата за садење да се вклучат сите чинители во општеството. Идејата набрзо беше препознаена и поздравена од голем број на организации од цел свет кои се приклучија кон акцијата за садење на медоносни растенија која ќе се одржи на 26.03.2022. Досега, повеќе од 100 организации од 21 држава ја поддржаа оваа активност и активно ќе се вклучат во активностите за нејзиното спроведување.

Програмата за зачувување на природата континуирано организира, поддржува и спроведува вакви активности кои се директно подобрување на состојбите со зачувување на биолошката разновидност и заштита на автохтоните видови. За проектот за садење на медоносни растенија, Програмата за зачувување на природата обезбеди набавка на садници од даб (Quercus sp.) и питом костен (Castanea sativa) од кои дел ќе бидат посадени на трите развојни пчеларници на Меден Исток кои се наоѓаат во околината на Македонска Каменица, Пехчево и Кочани, а останатите ќе бидат поделени на членовите на здружението и посадени на нивните пчеларници кои се наоѓаат на различни локации низ Брегалничкиот регион. Во акцијата за садење медоносни растенија активно се вклучи и Македонско еколошко друштво. Претставниците од МЕД, освен со директно учество во самиот процес на садење, обезбедуваат советодавна поддршка во однос на препораките за садење, значењето на садење автохтони видови и начинот на одгледување на растенијата.

Садењето медоносни растенија треба да се врши континуирано и во секоја прилика. Притоа, треба да се внимава при изборот на растенијата кои се садат. Треба да се садат автохтони (домородни) видови на растенија и дрвја кои виреат на нашето поднебје. Доколку се садат алохтони (туѓи видови кои се наоѓаат надвор од нивното природно подрачје) се ризикува да настанат други еколошки и економски последици бидејќи најчесто станува збор за инвазивни видови.

Некои од автохтоните медоносни дрвја кои се препорачуваат за садење се:

Дива цреша (Prunus avium)

Џанка слива (Prunus cerasifera)

Црна евла (Alnus glutinosa)

Даб горун (Quercus frainetto)

Даб плоскач (Quercus pubescens)

Липи (Tilia cordata, Tilia grandifolia)

Питом костен (Castanea sativa)

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...