10
Фев
2022

Отпочнаа активностите за унапредување на туристичката понуда во регионот на Осогово, Малешево и околината

Во рамки на повикот за финансиска поддршка за унапредување на туристичката понуда во регионот на Осогово, Малешево и околината, кој беше објавен од страна на Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија(ПЗП), селектирани се два тур оператори: Балкан Приме Тоурс и Маунтин Експириенс, кои се јавуваат во улога на интегратори на туристичката понуда.

Двете избрани апликации предвидуваат развој на туристички понуди кои ќе ги развијат и унапредат во соработка со вклучените локални чинители како партнери, а понатаму ќе бидат понудени како туристички пакети пред домашните и странските туристи.

Согласно предвидената динамика, активностите за подобрување на условите ќе се реализираат во првата половина на 2022 година, а во исто време ќе отпочнат и активностите за промоција. Дополнително од страна на ПЗП ќе се овозможи соодветна обука и зајакнување на капацитетите на локалните партнери.

Преку реализација на предвидените активности ќе се зголеми атрактивноста на регионот, ќе се подобри соработката помеѓу раличните чинители и ќе се зајакнат нивните капацитети, со што ќе може да привлечат и задржат повеќе туристи во овој регион.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...