02
Фев
2022

Еколошката важност за влажните живеалишта

Влажни живеалишта претставуваат екосистеми чија екологија ја одредува присуството на вода. Па затоа тие се населени со животни и растенија чии животни потреби или животни циклуси се тесно поврзани со водата. Влажните живелишта може да бидат и морски (солени) и слатководни. Тие може да се целосно под вода низ целата година, може да се под вода во определини периоди, може да бидат површина со плитка вода или пак многу влажна почва.

Во групата на влажни живеалишта припаѓаат: слатководините и бракичните езера, реките, извориштата, блатата и мочуриштата, влажните ливади, тресетишта, оазите, речни вливови и делти, поплавни ливади како и човечки создадени живеалишта: рибници, оризишта, акумулации, и солани.

Влажните екосистеми се од критично значење и за луѓето и за животната средина зошто тие се важен дел од планетарното кружење на материите и имаат различни улоги како: еколошки, климатски, економски, научни, едукативни, културолошки, рекреативни, но и естетски и духовни.

Фото: Теона Манго

Биолошката разновидност што влажните живеалишта ја одржуваат во живот е значајна за нашето здравје, храна, но и за развојот на туризам – особено за алтернативните форми на туризам поврзани со природните вредности, кои служат како главна алатка за локален социо-економски развој.

 Влажните станишта се особено важни за човекот и справувањето со климатските промени на тој начин што нудат различни ексосистемиски услуги како: регулариње на нивото на вода, одбрана од поплави и прочистување на водата.

Влажните живеалишта се еден вид на заштитен знак на целиот брегалничкиот регион. Реката Брегалница од самиот свој почеток, во височините на Малешвските Планини, па низ своето течение и се до вливот во Вардар се проткајува низ голем број на различни видови на влажни живеалишта. И Осогово и Малешево се накитени со голем број мали планински езерца и локви, а во регионот се наоѓаат и меѓу поголемите водни акумулации кои се од исклучително значење за водните животни.

Затоа една од активностите на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија е подобрување на состојбата со влажните живеалишта во сливот на реката Брегалница, преку нивно истражување, заштита и промовирање на одржливи практики.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...