22
Дек
2021

Истражување на природата во зима

Зимата претставува најстуден период од годината во државите од Северната Хемисфера. За време на зимата, деновите се кратки, ноќите долги и температурата на атмосферскиот воздух се намалува од крајот на есента и во текот на зимата. Во поголемиот дел од зимата, небото е прекриено со сиви облаци и сончевата светлина иако не е сосема отсутна сепак е значајно помала во однос на топлите месеци. Во зима се појавува мраз, кој jа замрзнува почвата, вегетацијата и помалите површини под вода.

Фото: Васил Милјовски

Иако на прв поглед делува дека природата е во мирување, сепак под површината но и на неа, живиот свет продолжува да живее; дел од видовите се активни, дел хибернираат, а дел имаат само малку намалени или изменети активности. Но, ова не значи дека преку зимата не може да се истражува природата – напротив зимата нуди одлични и уникатни можности за набљудување и истражување на живиот свет.

1.Набљудување на траги во снег

Во текот на зимските месеци очекувана е појава на снег. Снегот паѓа на површината на земјата и во зависност од локалните временски услови и местоположба тој може да се задржи дури неколку недели. Снегот преставува голема бела површина преку која може да се истражуваат разни движења на живиот свет. Еден од начините е во снегот да се бараат траги од диви животни. Поголемиот дел од животните во Европа не мигрираат (со исклучок на некои видови птици), што значи остануваат на исто место во текот на зимата. Со нивното движење по снегот тие оставаат траги од нивните нозе, канџи, копита и шепи, а белиот снег е одлична површина за нивно проучување.

2.Набљудување на траги од животни низ вегетацијата

За време на зимата, поголемиот дел од вегетација e обезлистен и гол, па лесно може да се забележат различни траги по растенијата; излупена кора од хранење од елените или пак оштетeна кора од нивното сезонско острење на роговите, траги од шепите од мечка што бара ларви и инсекти по кората како и траги од хранење од птици.

3.Истражување на мов и лишаи

За разлика од другите видови на растенија, мововите и лишаите може да се сретнат во текот на целата години, а особено во текот на зимата. Тие растат насекаде: на кората од дрвјата, на нивните гранки, па влажните карпи и камења, на паднати дрвја и старите пенушки. Со нивната боја и форма, лишаите се нарекуваат и сувоземни корали и претставуваат фасцинантен дел од флората што може да се истражува во текот на зимата.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...