21
Дек
2021

Спроведена акција за пошумување со крајречни видови дрвја

На 13 декември, во близина на селото Софилари, во атарот на општината Штип, во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – ПЗП,  ЈП Нaционални Шуми во соработка со Македонското еколошко друштво и Фармахем како национален координатор на ПЗП, спроведе пошумување со 500 садници од бела топола и бела и кршлива врба на површина од околу 2 ха, која е во управување на јавното претпријатие. Пошумувањето беше спроведено со цел закрепнување и обновување на делови од крајречниот шумски појас покрај реката Брегалница.

Активноста за производство на садници од рипариски видови, која е дел од компонентата на програмата што се однесува на обновување на крајречните шуми долж реката Брегалница, со цел подобрување на нивните основни функции во заштита од ерозија и поплавување на околните површини, е новина во расадничарството на јавното претпријатие, кое е вклучено како партнер во реализација на ПЗП. Во последните четири години, ЈП Нaционални Шуми во соработка со Македонското еколошко друштво ги зајакна своите капацитети за овој тип на производство, што е пионерска актвиност во регионот.

Во текот на 2021 година во расадниците на ЈП Нaционални Шуми во Кавадарци и Делчево, се произведени повеќе од 1000 садници од овие крајречни видови. Овие садници ќе бидат засадени покрај реката Брегалница и на други нарушени делови од рипариски појаси во брегланичкиот слив.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...