Јавен повик за финансиска поддршка за унапредување на туристичката понуда во Oсогово, Малешево и околината
Краен рок : 15.10.2021 | Референтен број 03/07/724 |
Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), објавува повик за финансиска поддршка за унапредување на понудата на чинителите во туризам и угостителство во подрачјата на Осогово и Малешево. Повикот е наменет за туроператори, туристички агенции и организации кои се занимаваат со развој на туристички производи кои се јавуваат во улогата на интегратори на туристичката понуда. Целта на Јавниот повик е да се зголеми атрактивноста на регионот, преку идентификување и унапредување на слабите точки со цел зголемување на конкурентноста на туристичките понуди. Презентација за повикот е закажана за среда, 22 септември 2021г , во 10 часот. Заинтересираните можат да ја следат презентацијата онлајн, со вклучување на следниот линк https://bit.ly/3CjqKCl ПЗП до заинтересираните апликанти може да достави: Барањето за добивање на горенаведените документи се испраќа до Катерина Ивановска, Програмски советник во ПЗП на меил адресата: katerina.ivanovska@bregalnica-ncp.mk Јавниот повик е отворен до 15.10.2021 година до 16 часот, до кога сите заинтересирани апликанти треба да достават: Јавниот повик може да го преземете на следниот линк: Јавен повик
|