03
Јун
2021

Улогата на заштитените предели во заштитата на животната средина

Заштитени подрачја се еден од најдобрите начини да ги зачуваме значајните природни вредности. Заштитените подрачја ни се потребни поради две главни причини: заштита природата како таква како и заштита на вредностите и добивките што ние, како луѓе ги добиваме од нив. Па според ова, на еден едноставен начин просторите кои заслужуваат заштита може да ги поделиме во две групи: подрачја кои се формираат исклучиво за заштита на живиот свет во нив и подрачја кои се формираат со цел да се зачува врската меѓу човекот и живиот свет. Тоа е суштината на заштитените предели.

Заштитен предел е вид на заштитено подрачје. Тоа влегува во категоријата V според Меѓународната заедница за заштита на природата. Оваа категоризација е имплементирана и во Законот за заштита на природата на Северна Македонија. Заштитен предел е место каде врската помеѓу човекот и природата со текот на времето создало подрачје со редок карактер со високи еколошки, биолошки, културни и пејзажни вредности. Кај заштитениот предел најважно е да се зачува врската помеѓу човекот и природата зошто таа е клучна и најважна во заштитата и управувањето на заштитеното подрачје.

Главна одлика на заштитените предели е тоа што имаат мозаична структура, односно составени се од различни живеалишта и екосистеми кои се мешавина на природни и човекови делови.  Па затоа, често заштитените предели служат како бафер зона помеѓу построго заштитените подрачја и човековите екосистеми или пак се користат како острови или мостови да се спојат две позначајни или поголеми заштитени подрачја.

Целта на оваа категорија не е само да се зачува просторот и пејзажот, туку и голем број видови на живи организми како и екосистеми кои се формирале и постојат токму поради одржаната, зачувана врска помеѓу човекот и природата.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...